Büyükelçinin Mesajı
Ценети наши државјани, почитувани наши пријатели во Северна Македонија,
Како Амбасадор на Република Туркијево Република Северна Македонија започнав со мојата должност на 18 септември 2026 година.
Односите помеѓу Туркије и Северна Македонија ја црпат силата од заедничката историја и човечките врски, и на ниво на стратешко партнерство поседуваат јаки политички, економски, трговски и воени односи.
Туркије, која веднаш по независноста ја призна Македонија и прва отвори Амбасада, за стабилноста, безбедноста, просперитетот и развојот на оваа пријателска земја, продолжува да дава поддршка во разни области како што се трговија, одбрана, енергетика, инфраструктура,земјоделство, туризам, образование, култура и здравство.
На чело со Претседателството на турската агенција за соработка и развој-ТИКА, Институтот Јунус Емре, училиштата Маариф, ТРТ, Агенцијата Анадолија, Меѓународниот Балкански Универзитет, Туркиш ерлајнс, Халкбанка, АСЕЛСАН и низа други наши установи, институции, невладини организации, доброволци и претставниците од приватниот сектор ќе продолжиме даработиме во насока на продлабочување и развивање на односите помеѓу нашите земји.
Како две пријателски земји и сојузници, Туркије и Северна Македонија придонесуваат кон зајакнување на мирот, стабилноста, безбедноста и просперитетот на Балканот.
Северна Македонија претставува пример за Балканот и светот со својата култура на заеднички соживот во мир, црпејќија својата сила од своето етничко и културно богатство.
Овие простори каде што и основачот на нашата Република, ветеранот Мустафа Кемал Ататурк се школувал, ја вдишал атмосферата набогатата култура и толеранција, тие истовремено се татковина и на турската заедница во Македонија која сочинува мост на пријателството помеѓу нашите земји.
Турската заедница во Северна Македонија и нашите државјани кои на времето се доселиле во нашата земја играат улога на еден вид на човечки мост помеѓу двете земји, и дополнително ги збогатуваат нашите односи. Бројот на нашите државјани кој расте и студентите кои студираат високо образование во државава дополнително придонесуваат во билатералните односи.
Секогаш вратите на нашата Амбасада ќе бидат отворени за Вас. Во овој контекст може да се обратите преку официјалните е-пошти на Амбасадата (konsolosluk.uskup@mfa.gov.tr; embassy.skopje@mfa.gov.tr ) и да ги пренесете Вашите ценети мисли и предлози.
Ќе продолжиме да работиме за пренесување на односите помеѓу Туркије и Северна Македонија на понапредно ниво во секое поле. Во оваа прилика, во мое лично име, во име на моето семејство и персоналот на Амбасадата ги изразувам моите најдобри желби и почитувања.
Алпер Акташ
Амбасадор на Република Туркије во Скопје
18 септември 2026 година
Понеделник - Петок
09:00 - 12:30 / 13:30 - 18:00
Прием во конзуларно одделениe од: 09.30 - 12.30 и 13.30 - 16.00
Празнични денови 2026
| 01.1.2026 | 01.1.2026 | Нова Година |
| 06.1.2026 | 06.1.2026 | Бадник, ден пред Божик (за граѓаните од православна вероисповед) |
| 07.1.2026 | 07.1.2026 | Божиќ |
| 19.1.2026 | 19.1.2026 | Богојавление (Водици) (За граѓаните од православна вероисповед) |
| 27.1.2026 | 27.1.2026 | Свети Сава (За граѓаните припадници на српската заедница во РCМ) |
| 20.3.2026 | 20.3.2026 | Рамазан Бајрам |
| 06.4.2026 | 06.4.2026 | Велигден (За граѓаните од католичка вероисповед) |
| 08.4.2026 | 08.4.2026 | Меѓународен ден на Ромите (За граѓаните припадници на ромската заедница во РCМ) |
| 10.4.2026 | 10.4.2026 | Велики Петок, петок пред Велигден (За граѓаните од православна вероисповед) |
| 13.4.2026 | 13.4.2026 | Велигден |
| 01.5.2026 | 01.5.2026 | Ден на трудот, |
| 23.5.2026 | 23.5.2026 | (Национален ден на Власите За граѓаните припадници на влашката заедница во РCМ) |
| 24.5.2026 | 25.5.2026 | „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители |
| 27.5.2026 | 27.5.2026 | Курбан Бајрам (за граѓаните од муслиманска вероисповед) |
| 29.5.2026 | 29.5.2026 | Духовден, петок пред Духовден (За граѓаните од православна вероисповед) |
| 02.8.2026 | 03.8.2026 | Ден на Републиката (Илинден) |
| 28.8.2026 | 28.8.2026 | Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) (За граѓаните од православна вероисповед) |
| 08.9.2026 | 08.9.2026 | Ден на независноста |
| 21.9.2026 | 21.9.2026 | Јом Кипур (За граѓаните припадници на еврејската заедница во РCМ) |
| 28.9.2026 | 28.9.2026 | Меѓународен ден на Бошњаците (За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РCМ) |
| 11.10.2026 | 11.10.2026 | Ден на народното востание |
| 23.10.2026 | 23.10.2026 | Ден на Македонската Револуционерна Борба, |
| 01.11.2026 | 01.11.2026 | Празникот на сите светци (За граѓаните од католичка вероисповед) |
| 22.11.2026 | 22.11.2026 | Ден на Албанската азбука (За граѓаните припадници на албанската заедница во РCМ) |
| 08.12.2026 | 08.12.2026 | “Св. Климент Охридски” |
| 21.12.2026 | 21.12.2026 | Ден на настава на турски јазик (За граѓаните припадници на турската заедница во РCМ) |
| 25.12.2026 | 25.12.2026 | првиот ден на Божик (За граѓаните од католичка вероисповед) |
+ 90 312 292 29 29
МОЖНОСТИ ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ ВО ТУРЦИЈА